Членството на ДУИ гласа на внатрепартиски избори, за фракционерите се нелигитимни
Демократската унија за интеграција денеска одржува внатрепартиски избори на кои членството гласа за ново раководство на 14 партиски ограноци. Членовите на ДУИ избираат претседатели на ограноците, членови на раководството на ограноците, претседатели на локалните под-ограноци и за членови на раководството на локалните подограноци. Изборните избори ги води партиската изборна комисија. Изборите се одржуваат со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“.
Но ваквите избори остануваат нелигитимни за незадоволните во партијата на Ахмети. За франкционетите, во некои партиски ограноци се наместени и се спроведуваат спротивно на статутот на партијата.
Првиот човек на Фракцијата во ДУИ, Меџити додаде дека победниците на овие избори однапред се познати и дека станува збор за група на луѓе лојални на Али Ахмети, но не изнесе поединечни имиња.