Чистењето на Брегалница е еколошка катастрофа, локалните жители втор ден протестираат

Ова не е чистење на река Брегалница, ова е еколошка катастрофа, децидни се дел од жителите на штипското село Карорман кои денес втор ден протестираат во близина на речното корито.  Остануват на своето барање,  ископот на песок се прави подалеку од плодните земјоделски површини, во спротивно најавуваат блокирање на патот до селото.

„Никој нема да им забране да црпе, но нека отидат да црпат од Софилари, Пенуш па надолу. Од таму каде што почнуваат и завршуват нашите ниви, нема што да влегуват. Тоа е лично наше утре сабајле јас паркирам тракторот, па нека дојдат да го тргнат„-изјави Мире Горгиев, сопственик на земјиште.

Утринава инспектор за водостопнство направил увид во состојбата. Мештаните биле информирани дека операторите имаат дозвола за работа. Сепак револтот е голем бидејќи и покрај забраната да не се црпи песок, машините продолжиле со работа, веднаш откако  си заминале надлежните. Мештаните тврдат дека се црпи песок 8метри под нивото на реката.

Купишта песок ,се гледа што се имат однесено. Што чистат тие?Зошто не го исчистат средорекот што смета на течението на реката . Тие сега ќе ја ископат реката, ќе и направат еден брз тек. Брзата вода го руши брегот„-изјави Мино Јанев, сопственик на земјиште.

Мештаните поддржка добија и од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тие ги повикаа надлежните соодветно да реагират.

  „Во текот на вчерашниот ден инспектор по екологија од ЛС беше на терен. Даде усно укажување на правното лице да престане со работа и има изготвено допис до надлежното министрство и надлежниот инспекторат„-изјави Душко Иванов,совтник во Совет на Штип.

Според мештаните црпењето на песок се прави неконтролирано, а со тоа се уништува живиот свет во реката и и природата, како  и патот што води до селото. ,

Александра Ристевска

Advertisements