Чиста преговарачка рамка за Албанија, услови и отворање на Уставот за Македонија

Македонија и Албанија беа во пакет, но добија различни преговарачки рамки за влез во Европската Унија. За Скопје француски предлог со дополнителни услови и менување на Уставот, за Тирана чиста формулација како и за сите други до сега.

На овој начин Албанија и Македонија всушност се раздвојуваат на европскиот пат затоа што за нив преговорите почнуваат веднаш а за нас има дополнителни задачи.

Во преговарачката рамка за Албанија, која ја објави Телма, за западниот сосед е нотирана само потребата од посветеност за решавање на поморскиот граничен спор со Грција за што веќе се постигна договор со арбитража, што повторно не е поврзан во ниту еден контекст со општата констација за добрососедски односи и регионална соработка.

За разлика од Албанија за Македонија, освен потребата од промена на Уставот, има уште дополнителни услови, додаден е дел за заштита на малцинските права.

Па „општите начела и обврски“ вообичаени и за останатите земји кандидати кои почнале преговори, за Македонија се надополнети со обврската за…

Особено внимание треба да се посвети на заштитата и недискриминирачкото постапување кон граѓаните кои припаѓаат на малцинствата или заедниците. За да се осигури неповратност на напредокот во овие области и негово целосно и ефективно спроведување, Комисијата ќе продолжи внимателно да го следи напредокот, и редовно ќе го известува за тоа Советот.

Македонија со Преговарачката рамка добива и т.н. Акциски план посветен на заштита на правата на припадниците на малцинствата или заедниците, вклучително, меѓу другото, на полето на недискриминација, борба против говорот на омраза, образование.

Во воведната изјава за нас се споменуваат и Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија и директно се поочува на „протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно член 12 од овој договор“ кој нашите власти го кријат и тврдат дека допрва треба да се потпише.

Викторија Миткова