Четири лица заразени од бактеријата МРСА

Кај четири лица од кои две деца и двајца возрасни е пронајдена бактеријата МРСА, потврдија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Бактеријата е пронајдена кај едно дете во градинка во Чаир и едно дете во основно училиште во Бутел, како и кај двајца вработени во овие воспитно-образовни установи.

Превентивно се земени брисеви од сите дечиња од групата во градинката и од учениците во одделението во училиштето.

Од ДЗСИ информираат дека ја следат состојбата.

МИА