Четири години од референдумот за промена на името- зошто власта и Ковачевски сега бегаат од гласот на народот за спорот Бугарија?

Четири години од референдумот, каде граѓаните со бојкот кажа НЕ за Северна. Само 36% од граѓаните на Македонија излегоа да дадат поддршка за Преспанскиот договор.

-Одлуката не е усвоена, бидејќи не гласале повеќе од половината граѓани запишани во избирачкиот список, изјави вечерта на 30-ти јуни 2018-та тогашниот претседател на ДИК, Оливер Деркоски.

Дека граѓанското НЕ нема да важи за власта уште вечерта на 30-ти септември ни кажа поранешниот премиер Зоран Заев, најавувајќи дека ќе се обиде преку Собранието да ги протурка уставните измени.

-Ќе направиме обид во Парламентот, да разговараме со пратениците, и ќе знаеме, ако има двотретинско мнозинство, ја почнуваме постапката со уставните промени, порача Заев истата вечер.

Што и на крајот се случи. ЗА гласаа осум пратеници на опозицијата, а кај пет од нив во одлука веројатно помогнаа судските лавиринти. Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски беа обвинети за настаните од 27 април, а од притвор беа пуштени непосредно пред собраниското гласање. Обвиненија од СЈО имаше и Елизабета Канчевска Милевска, како и синот на Владанка Авировиќ.

Поучена од она што и се случи пред 4 години и веројатно исплашена од волјата на народот, владино – државниот врв сега како да е алергичен на зборот референдум.

-Од тој пат нема ниту назад, нема ниту лево, а уште помалку има десно кон Исток, така што сосема е нерелевантно барањето на ВМРО-ДПМНЕ за некаков референдум кој треба да биде против зачленување во ЕУ, изјави Ковачевски.   

-По однос на договорот со Бугарија ниту може, ниту смее да има референдум, изјави Османи.

-Јас немам никакво разбирање за нивното барање за референдум. Станува збор за манипулација која Мицкоски ја направи… Ма какви… Глејте, за каков референдум…. Тоа се сосема друго прашање, изјави Пендаровски.

Иницијативата за референдум поднесена од ВМРО-ДПМНЕ беше одбиена од собранискиот спикер Талат Џафери, кој сам си ја оцени како неуставна. Во моментов на неговото биро е иницијативата на Левица, за која чекаме дали ќе биде од Џафери или тој повторно ќе се стави во улога на уставен судија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста