Четиринаесет годишниот охриѓанец Марко со инфаркт на коските на нозете, не се откажува од своите амбиции

Дојде тивко, со широка насмевка на лицето-јас сум вели Марко,ова 14 годишно исклучително амбициозно, решително,упорно и скромно дете,кое и покрај здравствениот проблем ни раскажа за новиот пливачки подвиг за кој се подговува.

Марко има инфаркт на коска на долните екстремитети, болест која му била дијагностицирана пред 3 години.
-На почетокот не ми беше сеедно,раскажува ова кротко дете кое никогаш претходно немало здравствени проблеми. Откажувањето од спортот за него било неприфатливо, бидејќи од мали нозе растел во спортски дух.

„Отпрвин размислував дека кога ќе ми помине ногата,ќе трчам цел ден, јас и пред тоа бев цело време со топка .Ќе трчав цел ден со другари, ќе игравме фудбал. Тоа ми беа цело време мислите и ги прашував на мајка ми и на татко ми кога ќе ми помине, тие не знаеа“, вели Марко Пејчиновски.

Вистинско олеснуваше беше, додава Марко кога докторите ми кажаа дека пливањето е најдобра терапија за мене. Тој лани во исклучително лоши услови го преплива Охридското езеро од Свети Наум до Охрид, а годинава на истиот датум, на празникот Голема Богородица ќе плива повторно. Овој подвиг пак во водите на Охридското езеро,ќе биде далеку потежок од првиот, но засега не откривам детали за патеката вели Марко. Следните предизвици и цели во пливањето си ги поставувал пред себе, додека пливал.

Кога пливам на се и сешто мислам, во доаѓаат мисли,тогаш имате најмногу време да размислувате.Ви идаат добри одлуки и ме прави среќен тоа.Да не ме правеше среќен немаше да продолжам, имам мотивација да го направат тоа и ќе го направам, изјави Пејчиновски.

Марко тренира секој ден во еден хотелски базен, целосно насочен кон остварување на уште еден негов сон.

„Токму и затоа е неговиотот успех но и амбиција и желба навистина едно 13 годишно дете да има олку воља, желба да успее и да направи ваков подвиг е навистина и за пофалба но и за мотивација и за останатите другари, врсници, луѓе па и возрасни да знаат сите дека со упорност, со амбиција со желба со страст кон нештото мора да се успее“, рече Сашо Точко од Црвен крст.
Овој подвиг Марко ќе го посвети на децата со ретко болести, за себе и за сите други деца кои се соочуваат со било каква болест, еден ден ќе пливам и надвор од границите на нашата земја. Можеби ќе бидам 5-тиот македонец кој го препливал каналот Ла Манш,ни рече на заминување нашиот херој Марко Пејчиновски.

Росица Голабоска