Четврта жртва од нападот во Стразбур, почина едно од повредени лица

Обвинителството на Париз денеска соопшти дека почина и четвртата жртва од нападот што се случи во вторникот на божиќен базар во Стразбур.

Напаѓачот Шериф Шекат убиен е синоќа во пресметка со полицијата откако отвори оган врз полицајците кои се обидоа да го уапсат препознавајќи го на улица.

Со тоа заврши дводневната потера во која учествуваа повеќе од 700 припадници на безбедносните сили.

Шекат (29), француски државјанин, е осомничен дека усмрти три лица и повреди 13 во вторникот во Стразбур.

Исламска држава вчера соопшти дека Шекат е нивен борец.