});

Четворица повредени во сообраќајка во Скопје

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утрово меѓу две возила спроти МАНУ, во Скопје, потврдија за МИА од МВР.

Според изјавите на очевидци, судирот се случил меѓу две возила „ауди“ и „пасат“.

Две лица се пренесени во Ургентниот центар, додека две во „Св. Наум Охридски“, информираа од МВР за МИА.