});

Четворица кандидати за прв човек на ФФМ

ФФМ утре треба да ги потврди имињата на кандидатите кои ќе влезат во трка за нов претседател на оваа организација.
Вчера во 16 часот истече последниот рок во кој биле доставени четири кадидатури..
Станува збор за Влатко Костов кој е предложен од ОФС Тетово, Вујадин Станојковиќ како кандидат на ОФС Куманово, Сашо Тасев кој го кандидираше ОФС Кавадарци и поранешнто прв човек на фудбалската куќа Харалампие Хаџи-Ристески кој ја доби поддршката од ОФС Неготино.
Нашата фудбалска федерација е без претседател откако Илчо Ѓорѓиоски минатиот месец објави дека се повлекува и ја продолжува кариерата во УЕФА.
Изборното собрание за нов претседател на ФФМ е закажано за 1. септември.