Четворица загинати, десетици повредени во судар на грчки автомобил и автобус со српски туристи

Четворица мртви и 49 повредени, меѓу нив и две деца е црниот биланс од тешката сообраќајна несреќа што рано утринава се случи на патот Атина-Солун, во близина на областа Поликастро на излезот Евзони. Тројца од патниците во автомобилот починале на лице место, а подоцна во болница во Солун почина и четвртиот патник. Иако 60годиниот мажот бил интубиран,заложбите на лекарите да го спасат не дале резултат, информира грчката државна телевизија ЕРТ.

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 6.30минути учествувале автобус и два автомобили. Според она што го објавуваат грчките и српски медиуми до несреќата дошло откако директно се судриле двокатен туристички автобус и автомобил,по то автобусот се превртел. Во српскиот автобусот што патувал кон Ставрос имло 78патници. Според возачот на автобусот, автомобилот со четворицата патници се движел во спротивна насока кога наедна удрил во автобусот. Се претпоставува дека возачот на автомобилот заспал над воланот, пренесуваат српските медиуми. 

По судирот во сообраќајката бил вклучен и втор автомобил сo српски регистарски таблички.Веднаш била алармирана полицијата,  на терен излегле пожарникари и 12 амбулантни возила кои превезувале повредени во болниците во Солун, Кукуш и Гумениса. Од вкупно 81патник во автобусот повредени се 49лица. 13 од нив се пренесени во болница со Солун, а 33 во болница во Кукуш. По извршените здравствени прегледи и превентивни тестови неколку од нив по утврдена добра здравствена состојба се отпуштени од болница. По сообраќајната несреќа, автопатот до границата со Македонија е затворен за сообраќај и во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон стариот пат.

Александра Ристевска

Advertisements