Честитки од власта и опозицијата за признавањето на афтокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ.


Ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед, која следи по одлуката на Вселенската Патријаршија за прием на нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење, стои во честитката на  Претседателот на државата Стево Пендаровски.

Одлуката на Српската православна црква ќе придонесе за исправање на историските неправди и отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија. Верувам дека целиот процес на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архепископија ќе заврши со скоро потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, што ќе придонесе за исполнување на еден од нашите национални интереси и за напредок и помирување во македонското општество, изјави Стево Пендаровски- претседател на Македонија


Честитка од Рим упати и Премиерот на државата Димитар Ковачевски. Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите и како признание за нејзиното наследство во духовната величина на древната Охридска Архиепископија, и како автентичен дел на македонскиот идентитет. Се радуваме заедно со сите православни христијани во нашата земја на историската вест со која Македонската православна црква – Охридска Архиепископија се стекнува со автокефалност – Димитар Ковачевски – премиер на Македонија

Голем ден за нашата света Македонска Православна Црква – Охридската Архиепископија, напиша на фејсбук лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и нашата Македонија!“ Нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештеството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ, и тогаш сите искушенија, бури и премрежја ќе бидат премостливи. Да продолжиме да чекориме обединето, напиша Мицкоски на фејсбук.

После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес,вели тој, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и нашата Македонија!
Позитивни реакции и честитки пристигнуваат и од српскиот државен врв. Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ од форумот во Давос ја поздрави одлуката на СПЦ за прифаќање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.
Бојана Златкова



Поврзани вести