Честитики од државно-политичкот врв по повод христијанскиот празник успение на Пресвета на Богородица
По повод денешниот голем христијански празник, успение на Пресвета Богородица, односно, голема Богородица, честитки за верниците пристигнаа од целиот државно-политички врв.
Претседателот Пендаровски упати честитка до Архипископот охридски и македонски, г.г. Стефан, како и до сите православни верници кои го чествуваат.
- „Чествувајќи го еден од – најблагородните, и највозвишените празници, важно е да се потсетиме, дека пресвета богородица, е парадигма, за сето она по кое што безмерно трага современиот човек – Сострадалност, грижа, храброст, стоичност, емпатија, љубов. Овој голем празник, исто така ни покажува и дека секое искушение треба да го понесеме заеднички, и поединечно во смирение“ – Напиша Пендаровски во честитката.
Собранискиот спикер Џафери порача успението на Пресвета Богородица да биде денот во кој што сите ќе најдеме човечка сила за взаемно разбирање, посака добро здравје, душевен мир, семејна среќа и топлина, меѓусебна почит, разбирање и хармонија.
- „Нека овој, голем ден, кој е во чест на успението на Пресвета Богородица, биде денот во кој што сите ќе најдеме човечка сила за взаемно разбирање. Да се надминеме себеси со тоа што ќе се погрижиме сите да бидеме на исправниот пат, осветлувајќи го и отворајќи го и нашиот ум и нашето срце, затоа што само тогаш ќе знаеме како да го цениме и да го живееме животот, како дар, во кој царува – љубов, радост, и взаемна почит“ – Порача спикерот Џафери.
Премиерот Димитар Ковачевски посака големиот христијански празник успение на Пресвета Богородица да ни е честит и вековит, со пораки за љубов и добрина.
- „Честит и вековит нека е големиот христијански празник успение на Пресвета Богородица. Вербата во добрината, почитта, љубовта и разбирањето, грижата, посветеноста кон сплотеност, што ги симболизира овој голем ден, нека бидат, инспирација и поттик за сите, да продолжиме заедно и солидарно да градиме перспективно општество, дом на спокојни, и среќни луѓе. – Порача Ковачевски.
Претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, во негово лично име и во име на партијата, за денешниот христијански празник порача заедно да ја промениме грдата слика на секојдневието и да се избориме за иднина. Да си спомнеме за христијанските вредности, кои со векови се дел од нашата традиција и вера.
- „Денес е денот кога сите ние, треба да си спонеме за љубовта кон ближните, но и хуманоста, кои се темелите на нашата духовност, бидејќи тие не учат дека треба да жртвуваме дел од нас, да бидеме трпеливи и истрајни, за да направиме подобро денес, и подобро утре за нас, но и за нашите поколенија. Искушенијата и предизвиците, се дел од секој пат, но, сплотени заедно, можеме сите нив да ги надминеме“. – Вели Мицкоски во честитката, во која додава, дека денес, многу македонски семејства ја споделуваат тешката судбина на несигурност, сиромаштија и одземена иднина.
Тој упати и честитка на рударите за празникот на нивната заштитничка – Голема Богородица.
Никола Цветкоски