Чадот од градската депонија во кочанско Бели, ги извади жителите на протести

Чадот од  градската депонија, на протест ги извади жителите на кочанското село Бели кои два часа протестираа пред комуналното претпријатие во Кочани. Од надлежните бараат веднаш да ја изгасат и да им обезедат чист воздух. Велат ова е предупредувачки протест, во спротивно ќе го блокираат влезот во депонијата и нема да дозволат да се исфрла сметот..

  „Депонијата, буквално пет месеци гори без престан. Ние сме на удар, бидејќи ако вечерта гори , рано наутро чадот е во село Бели. Не се излегува, многу смдри. Просто не може човек да дише„-изјави Дарко Арсов од село Бели.

Депонијата постојано се третира со течен раствор од алги кое го спречува самозапалувањето на метанот, рече директорот на комуналното претпријатие на состанокот на кој освен жителите на Бели присуствуваше и градоначалникот на Кочани. Ветија решавање на проблемот, но и разгледување на конкретни предлози кои  ги дадоа мештаните

  „Имаше предлози да се ангажираат фирмите коишто имат градежна механизација земјата ја изнесуваат на депонијата  што ќе служи за затрупување . предлогот е издржан, во моментот и фирмите со коишто работи општината се задолжени земјата што ја ископуваат да ја носат на депонијата и да служи за затрупување на пожарот“ -рече Иван Иванов, дир.на ЈКП„Водовод„-Кочани.

Како честа причина за чадењето на депонијата е подметнат пожар. Комуналното претпријатие неколку пати има поднесено кривична пријава против непознат сторител,но засега никој не одговарал пред законот. Пред три години во знак на револт жителите на Бели го блокираа патот кон Пониква. 

Александра Ристевска