Црна дамка стана дури и за власта: Ислам Абази горчлива јаготка за лутиот обвинителски шлаг во Македонија

Ислам Абази горчлива јаготка на лутиот обвинителски шлаг во Македонија. Новиот шеф на Обвинителство за гонење организиран криминал стана црна дамка за обвинителскиот систем, па дури и за власта. Непосредниот начин за избор на највисоките позиции во Обвинителствата треба да биде непосреден, смета пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, но изборот на Абази е проблематичен бидејќи ниту јавноста, а ниту пратениците не знаеле за каков профил на обвинител станува збор, а сепак го изгласале.

-Ова е начинот на кој што треба да бидат бирани јавните обвинители, на непосредни избори. Треба самите јавни обвинители да ги бираат раководните обвинители. Но, последниот избор, начинот… Значи јас не навлегувам, апсолутно тоа е согласно закон спроведен, но остави црна дамка, изјави Калеска Ванчева.

Политизираноста и политичките притисоци кај обвинителите беа тема за која говореше опозицијата во Собранието. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова порача дека власта само со зборови се бори за подобрување на состојбата, а во реалноста поддржуваат политички решенија подобни за владејачките СДСМ и ДУИ.

-Гласате овде во Собранието членови на Судски совет како Црвенковска, како Весна Дамева, поддржувате обвинител на чело на Обвинителството за организиран криминал како Абази, поддржувате кандидат за уставен судија како Татјана Васиќ Бозаџиева, изјави Панева.

Љубомир Јовески не сакаше да говори за политчките притисоци на своите колеги, во презентацијата на извештајот за работа за 2021 година, говореше за бројки, колку кривични дела поднеле, колку биле решени, а колку не. Сепак во собраниската дускусија, реши да говори за кадровските проблеми, фалеле квалитетни и обвинители со интегритет.

-Сите да работиме во делот на остручувањето на новите јавни обвинители, бидејќи не знам како да кажам дека на некој начин обвинителската  е и занатска работа, дека таа не може да се совлада само врз основа на учење од книги и вистински обвинител се постанува тогаш кога ќе се влезе во судница, кажа Јовески.

Во своето едночасовно излагање и анализа на извештајот на Обвинителството и пратеничката Гордана Силјановска, кажа дека фалат многу работи. Вели доказ дека постои политичко мешање кај обвинителите е и што се споменуваат делата за прислушување, а не и оние за Драги Рашковски, Мухамед Зекири, Катица Јанева и Бојан Јовановски.

Матеја Петровски

Advertisements