Црната листа на САД дури сега ги мобилизираше институциите

Антикорупционерите со години го ловат наводниот криминал на струшкиот градоначалник, но залудно. Судскиот совет и Обвинителството биле информирани од антикорупциска, но со години ги заташкуваат и кријат предметите.

Првата антикорупцинерка Билјана Ивановска вели дека уште во 2019 година пријавила во Судскиот совет за незаконско постапување на струшки судија кој дозволил Мерко Рамиз да го зголеми миинимумот за јавни набавки во услови на блокирана сметка на општината. Судскиот совет го скрил предметот, за после две години да инфомира дека предметот е застарен. Но, зошто антикорупционерите две години чекаа да кажат дека Советот им крие предмети, за денеска да уверуваат дека  имаат доказ дека Судскиот совет сепак го примил предметот. Антикорупционерите без конкретен одговор.  

Наша работа е да информиаме за неправилности, не е да ги гониме ниту да постапуваме, тоа зависи од Советот, вели Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.  

Од Судскиот совет кој е пред колапс молчат. Претседателот Зоран Георгиев не се јавува на телефонски повици, иако одговорноста за криењето на предметот е кај неговите претходнички бидејќи датира од пред неколку години.

И заташкува и крие само Судскиот совет. Јавното обвинителство отиде дотаму што вчера во листата на предмети за Мерко Рамиз не ни информираше дека постои предмет во организиран криминал за набавка луксузните возила во Општината. Денеска со кус одговор. Ќе ги чешлаат постапувањето на обвинителите во предметите.

Во Јавното обвинителство во тек е увид и проверка во псотапувањето по предметите и од тие причини не сме во можност да ви ја доставиве бараната информација, информираат од Јавно обвинителство на РМ

Откако Стејт Департментот го прогласи Мерко Рамиз за непожелна личност поради корупција, сите истражни институции се разбудија. Антикорупционерите се пофалија дека работеле,  обвинителството допрва ќе открие кој од обвинителите работеле во интерес на градоначалникот. Судскиот совет, пак, мува не го лази што крие предмети и не постаппува.

Паула Костадиноска

Advertisements