НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Црвениот поет“ се држи во бункер за да не ја вознемири Бугарија?

Агенцијата за филм има право да ја преземе сопственоста од продуцентот доколку серија финансисрана од народни пари не се емитува во рок од една година, вели поранешната директорка на Агенцијата за филм, Мими Ѓоргоска, која го има потпишано државното финансирање за „Црвениот поет“ посветен на македонскиот револуцинер Коста Солев Рацин, кој никако да се емитува веќе шеста година по ред.

– „Согласно договорот да активира еден од членовите кои што се предвидени во заштита на агенцијата како институција. Тоа активирање на тој член од договорот, се прави со донесување на одлука на управниот одбор, а тоа значи да ги земе правата на сопственост и сите други права кои што ги има продуцентот, да паднат на агенцијата.“ – Истакна Ѓоргоска.

Непостапувањето на актуелното раководство на Агенција ги подгрева сомнежите во јавноста, а пред се во филмската фела, дека серијата намерно се држи во фиока за да се избегнат реакции од бугарскиот државен врв, како што беше случај со филмот „Трето полувреме“.

Поранешната директорка на Агенцијата за филм објаснува дека според договорот оваа серија може да се емитува на која било телевизија со национална концесија, а доколку продуцентот не успее да се договори, тоа може да го направи и Агенцијата.

– “Имајќи ги предвид договорите кои што ги потпшуваме со соседите во изминативе неколку години, се појавува сомнежот дека станува збор за тивка цензура, односно на забранување на слободната мисла на говор, затоа што серијата црвениот поет знаеме дека е посветена на големиот Коста Солев Рацин, но, во самата серија, опфатен е и перидоот на бугарскиот фашистички окупатор.” – Додаде таа.

За продукцијата на серијата за Кочо Рацин се потрошени 23 милиони денари, а по промената на власта, никако да го види светлото на денот. Институциите си ја прифрлаат одговорноста. Од Агенцијата за филм велат дека договорот е испочитуван и потрошените народни пари се оправдани само со тоа што продуцентот ја понудил серијата во МРТ, а тие го одбиле. Извори за Алфа од МРТ се сомневаат во искрените намери, бидејќи серијата им била понудена на крајот од годината, кога веќе немаат средства во буџетот и продуцентот не се јавил на други јавни повици. Додека пак од продукциската куќа ни трага ни глас. Продуцентот Владимир Анастасов не е достапен да даде одговори за Алфа и да ги расветли сомнежите на МРТ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста