„Црвениот поет“ под лупа на антикорупциската комисија

Државното финансирање на не-емитуваната македонска серијата „Црвениот поет“ ќе се најде под лупа на државната комисија за спречување корупција.

Откако Алфа обзнани дека продукциската куќа „Сектор Филм“ не ги оправдала народните 23 милиони денари и неколку години по ред не ја емитувала серијата па и дополнително продолжува да добива финансии за нови проекти, е повеќе од доволна причина за антикорупционерите да го прочешлаат овој случај на следниот состанок.

  • „Ние ќе ги земеме сите овие сознанија и нови состојби, ќе видиме на колегум што може да се направи. По наша иницијатива, заводот за ревизија направи ревизија на работењето на агенцијата за филм.“ – Велат од државната комисија за спречување на корупција.

Тие во меѓувреме го разгледуваат извештајот на државниот завод за ревизија, каде се чешлаше како агенцијата за филм ги раздавала парите на граѓаните, вклучувајки ги филмовите на Милчо Манчевски, на кого му биле доделени милионски суми од државниот буџет, од кои, само за филмот „Врба“, Манчевски за својот режисерски ангажман си одвоил безмалку 164 илјади евра надомест, додека пак за развој на сценариото, себе си се платил 219 илјади евра.

Инаку, во случајот за серијата посветена на Кочо Рацин, во договорот за финансирање се предвидува дека доколку не биде емитувана во рок од две години, таа мора да биде бесплатно понудена на МРТВ, националните или регионалните телевизии.

Имајќи во предвид дека 6та година по ред се чека таа да го види светлото на денот, ТВ Алфа, по втор пат достави барање до Агенцијата за филм, во кое бара да и биде доставена копија од готовата серија.

Молкот од продукциската куќа и од Агенцијата за филм, се погласно кажува дека причината за неемитување веројатно се крие во намерата да не се брануваат односите меѓу Скопје и Софија бидејќи серијата е сместена во периодот на Втората светска војна, кога Македонија била под чизмата на бугарскиот фашистички окупатор.

Со долгото одовлекување и неемитувањето на серијата не само што се прекршува договорот за нејзнино финансирње, туку и низа закони, а се прави и штета на државниот буџет.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста