Ципрас: Земјата излезе од меморандумите, но не значи дека нема опасност да се врати назад

Greek Prime Minister Alexis Tsipras gives a press conference during the Greek-Serbian High-Level Cooperation Council, in Thessaloniki on July 13, 2017. / AFP PHOTO / SAKIS MITROLIDIS (Photo credit should read SAKIS MITROLIDIS/AFP/Getty Images)

Земјата успеа да излезе од меморандумите, но ова не значи дека дефинитивно е затворен патот за враќање назад и дека не постои опасност за враќање во црните денови од 2012, 2013, 2014, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во денешната изјава за медиумите по објавениот извештај од Европската комисија за грчката економија.

Претседателот на Владата на Грција рече дека на една седмица пред европските избори, целосно свесен за ризикот што го презема, на грчкиот народ му ја кажал целосната вистина дека „гласот на европските избори има карактер на глас на доверба за мерките за поддршка и олеснување за мнозинството од општеството“.

– Денес, сѐ што кажав тогаш се потврдува на најјасен начин. Резултатот од европските избори ја разбуди желбата како кај стариот политички естаблишмент во Грција, така и кај радикалните конзервативни кругови во Брисел да ги оспорат нашите политички одлуки и да постават сопки за нашиот план. На нашиот план да им дадеме можност на сите кои се жртвуваа за да излеземе од меморандумите, денес да ги соберат плодовите на нивното жртвување. Да имаат можност во нивното секојдневие, во нивниот живот, во нивниот џеб да ги видат резултатите од нивното жртвување, рече Ципрас.

Грчкиот премиер истакна дека денес оние кои поставуваат пречки стигнале до степен да го покренат прашањето и за отпуштања на вработени со договор во јавниот сектор, нешто што последен пат, според Ципрас, било побарано во 2014 кога надлежен министер бил Мицотакис.

– Пред критичните национални избори на 7 јули, најважно е целосно да ја знаеме вистината. Да ги споредуваме програмите, но пред сѐ целосно да бидеме свесни. Земјата успеа да излезе од меморандумите, излезе на копно, благодарение на жртвувањата и напорите на грчкиот народ. Но, ова не значи дека дефинитивно е затворен патот на враќање назад. Но, ова не значи дека не постои опасност да се вратиме назад во црните денови од 2012, 2013, 2014. Во строгите политики на меморандумите и штедењето. Единствениот начин трајно да се затвори овој пат е изборот на грчкиот народ, на Гркинките и Грците на критични на критичните национални избори на 7 јули, рече грчкиот премиер.