Ципрас е подготвен да се обложи дека Грчкиот Парламент ќе го ратификува Препанскиот Договор

Ципрас стави облог за Преспанскиот Договор – сигурен е дека Грчкиот Парламент ќе го ратификува.  Тој смета дека Договорот од Преспа бил во корист на Грција  и покрај несогласувањата во Владината коалиција и тезите дека Владата ќе се распадне кога договорот ќе стигне во Собранието. За тоа дека нема да се обезбеди мнозинство, Ципрас за грчка Алфа вели:

– Постои веројатност да не да помине? Ајде да се обложиме!

 Новинар : Да ставиме облог ако сакаш, не затоа што мислам дека нема да помине, туку затоа што е интересно. Но, прашањето е: како ќе помине? Дали пратениците на г-дин Каменос ќе се обратат против него и ќе гласаат за Договорот и дали г-дин Каменос ќе биде политички лидер без партија?

Ципрас –  Договорот ќе помине поради една причина, затоа што и последниот граѓанин – ги почитувам чувствителноста, реакциите, несогласувањата – започнува да сфаќа дека и покрај тешкотиите и покрај проблемите, овој договор е во корист на земјата, ја надградува, ѝ дава динамика, а особено нашите сограѓани од Северна Грција, сфаќаат дека не може Македонија, Солун да стане економска престолнина на Балканот кога со грб е свртена кон соседите.

Иако не е сигурен во потезите на Каменос, Ципрас се надева дека неговиот колиционер ќе донесе добра одлука и нема да ја напушти Владата на Сириза.

За барањето на опозициската Нова Демократија да се одржат предвремени парламентарни избори, Ципрас вели дека неговата Влада ќе го протурка мандатот до крај, а изборите ќе се одржат регуларно во октомври 2019 година.

Овие денови екс министерот за надворешни работи на Грција,  Коѕијас побара официјална Атина да посвети внимание на амандманот кој го дополнува членот 49 од Уставот на Македонија. Како потписник на Преспанскиот договор Коѕијас смета дека дискутабилно е тоа што во дополнувањето на членот 49 стои терминот – македонски народ. За него спомнувањето на терминот македонски народ се коси со Преспанскиот Договор.