Цикарески: Имаме само половина од потребниот број пожарникари

Нема доволно пожарникари во Македонија, а противпожарните служби кубурат и со опрема, вели за Алфа Томе Чикарески од здружението на пожарникари. Тој смета дека кај нас недостасува системско решение, и апелира до институциите да ги засукаат ракавите и сериозно да се посветат кон решавање на овој проблем.

Недостаток има во сите територијални противпожарни единици вели Цикарески. Според Дирекцијата за заштита и спасување, во Скопје бригадата има 194 вработени, а треба да има 392 пожарникари.

Како најголем проблем со кој се соочуваат пожарникарите при гасењето на пламените јазици, додава Цикарески, се непрописно паркираните возила, кои претставуваат сериозна закана за граѓаните. Коментирајќи го вчерашниот пожар во Кисела Вода пожарникарите едвај стасале до зградата од паркирани коли. Цистерните за гасење на пожари почнале со работа дури откако дошла пајак службата, проблем што не смееме да си го дозволиме.

И додека земјава располага со половина од потребниот број на професионални пожарникари, работниците мака мачат околу гаснењето на пожарите. На крајот на минатата година сме имале 747 пожарникари, или еден на 2.778 жители. Стандардот пропишан во Законот за пожарникарство, пак, наложува дека треба да има еден пожарникар на најмногу 1.500 жители, или најмалку 1.383 пожарникари според процена за населението на Државната статистика.

Покрај територијалите општински противпожарни единици, кај нас функционираат и здруженија кои на барање на Дирекцијата за заштита и спасување, регрутираат сезонски пожарникари кои работат со запаливи и експлозивни материи.

Борис Грујоски