Централната власт ја кочи Општина Штип во справување со дивоградбите

Штипската локална самоуправа немоќна да го реши проблемот со дивоградбите. Бесправно изградени габарати во градот не можат да бидат срушени и покрај тоа што општинските градежни инспектори имат донесено решенија за нивно уривање. Дивоградбите не можат да се срушат, бидејќи решенијата се поништуват од  второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски, категоричен е градоначалникот на Штип.

  „ Не станува збор за бесправно изградени соби или некоја надградба на куќа, туку изградба на објекти над 100-тина квадрати коишто се на државно земјиште и кои по сите Закони и според записниците на градежните инспектори треба да бидат отсранети затоа што немаат дозвола за градба, ниту пак имаат сопственост на земјиштето. Но второстепената комисија веќе неколку пати го поништува решението на градежниот инспектор, со одредени забелешки кои не се според Закон„ -изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Само во изминатите 8 месеци второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски има поништено десетина решенија, издадени од општинските градежни инспектори, што за штипскиот градоначалник раѓа сомнеж за корупција. .

Постапува незаконски, ги поништува и има основен сомнеж за корупција и тоа е причината зошто се поништуваат овие решенија„-објаснува Јорданов.

 Според првиот човек на градот, Штип има доволен број на градежни инспектори. Дел од нив ќе бидат испратени на испомош во општините  Карбинци, Радовиш и скопски Бутел, каде треба да помогнат во решвање на тамошните проблеми со дивоградбите. Во меѓувреме новиот Закон за  дивоградби е заглавен во Парламенот, се чека доставување на Иницијативата за надзорна расправа за новиот Закон со кој треба да реши урбанистичкиот хаос.

Александра Ристевска

Поврзани вести