Центарот за македонски јазик во Лерин пред затварање, Ковачевски без став – не коментирал судски одлуки

Само надежи дека нема да се случи   и никаква осуда за најавите за затворање на центарот за македонски јазик во Грција. Премиерот Ковачевски ги остави на цедило македонците во Грција и се огради од случајот порачувајќи дека не можел да коментира судски процеси во друга држава .

Во Грција се отвори Центар за македонски јазик но, има одредена судска постапка. Ние не можеме да коментираме судски постапки во друга држава, исто како што други држави не може да коментираат судски постапки кај нас , рече Ковачевски“,

Министерката за култура пак , која пред три дена се сретна со  министерката за култура на Грција Елени Доундолуаки , не кажа што конкретно разговарале на оваа тема,  само изрази надеж дека немало да се затвори центарот.

„При неодамнешната средба во рамки на форумот во Давос, разговаравме за многу работи, начелно за културната соработка. Во однос на вашето прашање, не би сакала да зборувам предвреме, но се надевам дека нема да се случи она што се бара“, рече министерката Бисера Костадиноска Стојческа.

И додека Премиерот тврди дека сме имале договор кој се почитувал од двете страни, алудирајќи на Преспанскиот, и во овој случај можеме да видиме дека насмевките од Преспа ни се удрија од глава.

Додека власта со голема помпа го промовираше центарот во Лерин, промовирајќи го како „плодот“ на потписот во Преспа, сега молчи кога се соочува со можноста токму договорот од Нивици да пресуди центарот да добие клуч на врата. Имено, како аргумент пред судот, обвинителката од Лерин се повикува на одредбата на договорот дека македонскиот јазик постои само во рамките на Македонија и дека во Грција нема Македонско малцинство.

Кристина Алексиеска

Advertisements