Цензура и преседан – забранета книгата на Стојан Андов

Цензура и преседан, вака екс-собранискиот спикер Стојан Андов, за „Алфа“ ја коментира одлуката на граѓанскиот суд да ја забрани продажбата на книгата „До атентатот и по него“. Околу книгата се крена прашина уште по промоцијата, оти во неа авторот упатува на наводна вмешаност на професорот Љубомир Фрчковски во атентатот на поранешниот претседател Глигоров. Фрчковски му поднесе тужба за клевета.в

Јас и во времето на Југославија пишував еретички книги, кои не му одговараа на тогашниот режим, па никогаш не ми беа забранувани. Ова е преседан и бесмислица, ова зборува за цензура, зборува лошо за државата, не е добра слика. Не сум ја добил одлуката, но со адвокатот ќе поднесеме жалба. Би сакал да знам што е тоа што ги натера судиите на ваква одлука, вели Андов.  

Од судот со објаснување дека одлуката е донесена на барање на тужителот , кој освен надоместок на штета, побарал и забрана за продажба.Т

-Судот постапувајќи по предлогот за определување на привремена мерка на ден 11.03.2019 година, донесе Решение со кое предлогот на тужителот за определување на привремена мерка се усвојува и се забранува понатамошна продажба и располагање со книгата на тужениот. Привремената мерка стапи на сила на денот на донесување на Решението, а со важност до правосилно завршување на постапката за утврдување на одговорност за клевета и надомест на нематеријална штетa по предметната тужба, велат од Основен суд 2.

Ова не е прв случај на цензура. Имено во септември министерството за култура го осуди и забрани филмот на режисерот Јани Бојаџи, „Ругање со Христос“ со образложение дека повикувал на насилство по етничка основа. Ни премиерот Заев не се воздржа од осуда тогаш, иако филмот доби престижна награда од филмското жири на Монтреал.

Вчера за цензура обвини и актерот Сашо Тасевски. Неговата стенд ап претстава закажана за 31 март „Северно од Македонија“, со распродадени како што вели 200 карти, едноставно била од откажана од директорката на прилепскиот театар. Причината, рече Тасевски не вредела ниту да се споменува.

Искра Коровешовска