Цената на струјата ќе удри по малите и средните претпријатија

На илјадници мали и средни претпријатија им се заканува клуч на врата. Новата цена на струјата сериозно ќе удри по нивното работење.

Во моментов оние кои се на слободниот пазар плаќаат и до пет пати поскапо во споредба со земјите во региониот.

Тоа е приближно сума која се плаќа во Германија, во Унгарија. Во однос на нашите пресметки за струја ние сме доведени да плаќаме струја клако во Германија, а заработката , а приходите, а профитабилноста е поразителна, вели Горан Георгиески потпретседател на ССК.

За да преживеат компаниите, признаваат дека ќе мора да ги поскапат финалните производи. За државата се справи со овој магичен круг во кој страдаат и бизнисите и граѓаните, единствено решение е да се зголеми домашното производство

Потребно е сите ресурси сите капацитети во нашата држава да работат со полна пареа. Рек 1, 2  и 3 , ТЕЦ Осломеј. Потребно е се што може да се направи во можност на техничките услови за да се вложи целата сила за тие капацитети да работат со полна пареа. Тоа е единствениот пат да се спаси државата, вели Георгиески.

И од стопанската комора согласни дека домашното производство е основната мерка која може да изврши најголема пренција. 

Подигнување на домашното производство на електрична енергија е, сигурно, основната мерка што може да изврши најголема превенција. Второ, Регулаторната комисија за енергетика мора да биде на висина на задачата и енергично да дејствува за да се престане со манипулативното откажување на договорите, со конкретни мерки, кои ќе вклучуваат јавно објавување и одземање на лиценците не само на компаниите туку и на нивните сопственици, со трајна забрана за вршење ваква дејност, посочува Азески во своја колумна.

Струјата што компаниите ја набавуваат на слободниот пазар веќе неколку кратно се зголеми од почетокот на годинава. Тоа беше и првичната причина што поттикна раст на цените и на сите производи што резултираше со двоцифрената инфлација што ја имаме во моментов.

https://www.youtube.com/watch?v=AfrKXynlDto

Кристина Алексиеска

Поврзани вести