Цената на парното ќе ги изгори граѓаните – Бараат опции за поевтино да ја поминат зимата

Новите сметки за парно ќе ги изгорат граѓаните. Откако регулаторната комисија за енергетика објави дека од први Август сметките ќе пораснат за 14,18 проценти, граѓаните се крајно револтирани. Велат, со жешка цена на струјата и изгор цена на парното единствена опција им е да се вратат на греење на дрва.

Критукуваат граѓаните, критикува и опозицијата. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, единствен виновник за состојбата во која се најдоа 55 илјади домаќинства кои се грејат на парно е недомаќинското работење на Владата. Тој ја обвини власта дека ја злоупотребува енергетската криза договарајќи тендери во четири очи, а дебелиот крај го извелкуваа граѓаните. Сега за загревање на трособен стан, годишно ќе треба да плаќаат од 70 до 100 евра повеќе.

– „За парното, тоа е пљачка. Граѓаните во двособен стан од прилика ќе плаќаат годишно од 70 до 100 евра повеќе. А оние кои се во тро и пол собен или поголем ќе плаќаат до 100 до 120 евра годишно. Парното годишно е поскапено за 50% само сега е 15% и тоа е поради лоповлукот. Повторно ќе кажам, поради пљачката која што ја прави владата, злоупетрубавјќи ја енергетскта кризна состојба и договорајќи тендери во 4 очи.“ – Изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски.

Во грејната сезона ТЕ-ТО треба да обезбеди 70 проценти од потребната топлинска енергија за потрошувачите, а само 30 насто да биде од топланите. Првиот човек на регулаторна вели ако не се оствари проектираното и не се увезат потребните количества на природен гас за производство на енергија, цената би се зголемила за 100 проценти, а во опција ќе мора да влезе користењето на мазутот за греење, кој пак е голем загадувач.

„Единствената опција, единствениот спас за да ја истераме оваа грејна сезона на најдобар начин, е ТЕ-ТО да работи.“ – Вели Беслимовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поддржуваат воведување на енергетска кризна состојба, но, ќе бараат отчет како се трошени парите за време на претходната. Мицкоски и со порака дека нема да поддржат заем од 100 милиони евра за ЕСМ, ако не добијат одговор за што конретно ќе се трошат парите.

Никола Цветкоски