Цела недела молк за скандалозното однесување на Талат Џафери

Премиерот Димитар Ковачевски и натаму се правда дека ниту слушнал ниту видел нешто во врска со скандалот со собранискиот спикер Талат Џафери. Јавноста бара одговорност, а опозицијата во парламентот поднесе и писмена иницијатива за санкционирање на спикерот, но осуда од власта се уште нема. Премиерот денеска избегна конкретно да одговори на ова, ниту од позиција на претседател на Владат, ниту како лидер на СДСМ:

– „Собарнието има етички кодекс за однесување, Собранието има соодветни комисии во кои што се разгледува однесувањето на пратениците во Собранието, по однос усогласеноста со етичкиот кодекс на однесување, колку што знам, колку што знам, дел од пратениците веќе имаат иницијативи во таа насока и затоа јас би се повикал, прво на следење на процедурата и следење на етичкиот кодекс.“ – Изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски се правда дека не можел да даде оценка за нешто што не видел. Но како тогаш имаше прогон за за бомбите и нелегално снименети разговори кои во најголем дел се засноваа исклучиво на аудио снимки, исто така не сакаше да коментира:

– „Еднаш одговорав и на такво пршање. Значи судот секогаш пресудува врз основа на материјални докази. Тие кои што се осудени и тие за кои што има случаи, сите судот ги води врз основа на закони.“ – Одговори Ковачевски на новинарско прашање.

Спикерот Џафери, по скандалот замина во Германија, каде денеска беше госдтин и во тамошниот Сојузен парламент-Бундестагот. Опозицијата која веќе поднесе пријава до комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, денеска праша дали Џафери ќе му каже на неговиот германски колега како ги пцуел и навредува вработените во македонското собрание.
„Нели му е непријатно на Талат Џафери и Димитар Ковачевски кога одат во земјите од ЕУ и нашите стратешки сојузници, каде моралните вредности се на највисоко ниво, и дали не се срамат дека тие дознале за нивниот примитивизам? Како се чувствува Џафери кога зборува за човекови права, демократија и етички кодекс, а тој самиот е причина за трауми на десетици вработени во Собранието?“ – Прашуваат од опозициската партија.

Засега, се чека епилогот од комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, каде ќе се разгледува дали и до која мера Џафери го има прекршено етичкиот кодекс, кој инаку и самиот го има потпишано пред 4 години.

Во зависност од процената на членовите при собраниската комисијата и според тежината на прекршокот, тие можат да изречат јавна опомена, да го суспендираат Џафери во траење од еден месец, но и да му се забрани да претседава.

Новинар: Никола Цветкоски

Поврзани вести