Гуаидо: Мадуро ја затвара границата за да ја запре хуманитарната помош

Владата во Венецуела ја затвори поморската граница кон Антилите за да спречи достава на хуманитарна помош најавена од опозицијата.

Опозицискиот лидер, Хуан Гуаидо, кој неодамна се самопрогласи за привремен претседател на државата, наведува дека храната и лековите од хуманитарната помош ќе пристигнат преку поморски и сувоземен пат во сабота. Гуаидо веќе ја доби поддршката од САД и ЕУ, додека актуелниот претседател, Николас Мадуро, е поддржан од Русија и Кина.