Хроничен недостаток на лекари – со субвенции ќе се стимулираат специјализации

На универзитетските клиники се работи со помалку офталмолози, уролози, ендокринолози, педијатри, гинеколози, a хроничен е недостатокот и на анестезиолози и гинеколози. Освен во овие специјалности, голем проблем има и во примарното здравство, оти е недоволен бројот на општи лекари. Според министерот Филипче фалат околу 350 матични лекари, а алармантна е состојбата во внатрешноста на земјава. Ваквиот проблем здравствените власти ќе се обидат да го решат со субвенционирање на студии, државата да ги плаќа специјализациите по семејна медицина.

Во процес на доедукација се само 330 специјалисти по семејна медицина и 80 лекари. Ова е многу мал број, ако се земе предвид дека во земјава работат 1.500 матични лекари.

Здравствените власти најавија и зголемување на капитацијата на матичните лекари, а колку точно ќе изнесува „инфузијата“ во примарното здравство, ќе се знае наредната недела.

Сања Трајковска Ставров