Храна што поттикнува среќа: Победете ја депресијата со овој начин на исхрана!

Тешко е да ѝ се одолее на брзата храна која честопати мами со изгледот, мирисот и вкусот. Но освен што дебелее, брзата храна има уште една голема мана. Тоа се трансмастите, главните виновници за проблемите со холестеролот, срцето, но и со депресијата.

Индустриските трансмасни киселини уште одамна ги бие лош глас, бидејќи вешто се кријат во многу производи, како што се разни мачканици, сосови, грицки, пекарски производи, па и сладоледи.

Научниците докажале дека нездравата храна може да пружи моментално задоволство и утеха, но остава само негативни последици а подолгорочен план.

Тајната е во тоа што луѓето кои одбираат слатки наместо свежо овошје и зеленчук, не го обезбедуваат организмот со витални антиоксиданси кои штитат од депресија. Овие производи се главно гориво за мозокот и организмот, а најважни се протеините.

Јаткастите плодови, пилешкото и јајцата допринесуваат за консумација на триптофан, кој се претвора во серотонин, хормон што е заслужен за добро расположение. Потполно истата работа, претворањето на триптофин во серотонин, ја врши и витаминот Б6, но и помага за подобра функција на мозокот и нервниот систем. Може да се најде во бананите, пиперките, карфиолот, зелката и брокулите.

За насмевката допринесува и редовната консумација на есенцијални витамини и минерали. Еден од нив е магнезиум, а тој се крие во бадемите, семките од сончоглед и спанаќот.

Магнезиумот е одличен сојузник за борбата против проблемите со спиењето, што е исто така корисно за луѓето кои се борат со депресија. Омега-3 масните киселини најчесто се поврзуваат со борбата против депресијата. Скушата, лососот и гириците се главниот извор на добри масти.

Замена за шеќери

Едно јаболко содржи 4 грама влакна, 159 милиграма калиум, 8 милиграма витамин Ц и само 81 калорија.

Житарици од цело зрно

Три-четвртини шолја житарици од цело зрно  содржи околу 800 микрограма фолат и витамин Б, а токму ова се хранливите состојки што им недостигаат на многу луѓе кои страдаат од депресија.

Нагло дебелеење

Депресијата и дебелеењето се поврзани. Анксиозните луѓе многу често бараат утеха во брзата храна и шеќерите, што дополнително го влошува расположението, бидејќи утехата е само моментална.

Зголемена депресија

Неколку чашки алкохол може да го подигнат расположението, но на долгорочен план, предизвикуваат безволност, замор, тромавост и мамурлак.

Прескокнување оброци

Оваа навика го забавува метаболизмот, поттикнува глад, а со тоа и лошо расположение и на крајот доведува до вишок килограми.