ХОПС: Крајно време е да се дислоцира центарот за зависници од Кисела Вода

Државата посериозно да се позанимава со селењето и наоѓањето на нова локација на постоечкиот центар за зависници Кисела Вода, сметаме дека крајно време е да се најде решение за овој проблем за граѓаните да бидат смирени- Велат од здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, по повод меѓународниот ден за борба против дрогата.

Веќе подолг период сме сведоци на протести на граѓаните во Скопје во однос на селењето и наоѓањето на нова локација за постоечкиот Центар за зависности Кисела Вода. И после 6 месеци решение сеуште нема. Во насока на решавање на оваа ситуација  ХОПС- Опции за здрав живот Скопје најпрво направи кратко истражување за состојбата со лекувањето на зависностите во Скопје, Охрид и Штип – Изјави Ивица Цековски директор на ХОПС

Според истражувањата кој ги спреведе здружението ХОПС само 27 % од луѓето кои користат дроги во Македонија се вклучени во програмите за лекување на зависности, резултатите укажуваат дека е многу под европскиот просек кој изнесува 50%.

Речиси 9 % од македонските граѓани пробале нелегални дроги во текот на животот, што е случај за речиси 19 % од младите од 15- до 24-годишна возраст. Околу 1,1 % од граѓаните во Македонија пробале опиоидни дроги, а бројот на лица кои ги употребуваат со инјектирање се проценува на околу 6 800- Изјави Влатко Деков ХОПС

На презентацијата беа предложени и повеќе решенија за решавање на прашањето на лекувањето на зависностите, како отварање на цетри за лекување во сите градови во Македонија, најмалку 4 центри на различни локации во Скопје, во истите да се воведе соодветна психотерапија и активности за ресоцијализација и реинтеграција. Воведување на психотерапија и активности за ресоцијализација и реинтеграција на сите центри за зависници во државата.

Јована Грчева