Холивудска ѕвезда: „Ги учам моите деца да не бидат материјалисти“

Таа и нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бен Афлек, ги имаат ќерки Вајолет (13) и Серафин (10) и синот Самоил (6). И покрај тоа што се разведоа, тие заедно ги одгледуваат своите деца.

Со оглед на тоа дека животот им е под будното око на јавноста, Џенифер вели дека зад врата тие се исто како и секое друго семејство.

На прашањето дали живеат гламурозно, Гарнер рече: “Ние сме како и секоја друга фамилија”.

“За време на моето слободно време постојано сме заедно. Моето семејство е на прво место и најмногу ми се допаѓа кога се смееме и забавуваме”, рече таа.

Актерката истакна дека е важно за нејзините деца да не бидат материјалисти во животот, па затоа често ги водат во семејна куќа која се наоѓа на фарма за да дознаат дека материјално не е она што е најважно во животот.

“Сакам да знаат дека не им требаат сите овие работи да бидат среќни”, заклучува Гарнер, која претходно беше 10 години со Афлек.