});

САД бараат прекин на мандатот на УНМИК на Косово, Србија против

Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли испратила писмо до генералниот секретар на ОН во кое бара УНМИК да се повлече од Косово.

Тоа се наведува во писмото до Антонио Гутереш во кое Танјуг имал увид. Писмото го испратила на 9 октомври, истиот ден кога објави дека се повлекува од функцијата амбасадор на САД во ОН.

Без редовна ревизија на мандатот и мисијата на УНМИК, „надворешните политики и страните на штетни интереси” ќе продолжат како заложници да го држат времето и важни ресурси на ОН поради што бара од Генералниот секретаријат да искористат влијание и да иницираат излезна стратегија за УНМИК.

„Со преземање такви чекори, Советот за безбедност на ОН ќе може да го процени и оцени присуството на мисијата на ОН во Косово, како што се прави за сите мировни мисии. Со преземањето на тој чекор ќе ја подобриме нормализацијата на односите Србија-Косово и нивната заедничка цел за интегрирање со европските соседи. Уверена сум дека таквата проценка на работата на УНМИК и излезната стратегија ќе го зачуваат интегритетот на вашите големи напори во спроведувањето на мировните мисии “, напиша Ники Хејли.

Кога мировните мисии на ОН прават добра работа, земјите во кои се наоѓаат се во состојба да прекинат конфликт, да воспостават демократски политички процеси и развијат сопствени капацитети.

„Веќе многу години мисијата на ОН во Косово даваше пример за успешна мисија која решава сложен конфликт. Успехот на Косово, обележан со десетгодишнината од прогласувањето на независноста, треба да биде причина за прославата и симболот на големиот придонес што ОН го даде за зачувување на мирот и стабилноста во Европа“, нагласува Ники Хејли.

На вонредна прес-конференција, Марко Ѓуриќ, директор на Канцеларијата на српската влада за Косово и Метохија, рече дека Србија верува дека усвојувањето на таа иницијатива е „шамар за мировните напори” и враќање на политиката за притисок.

-Србија ќе се спротивстави на таа иницијатива со  сите аргументи, и правни и политички, наведе Ѓуриќ.