Херојска стража пред гробот на Делчев – Патриотскиот интитут на ВМРО-ДПМНЕ го осуди бугарскиот шовинизам

„Гоце е Македонија“ и затоа херојска стража ќе го чува гробот на Делчев на неговиот роденден. Мирно и достоинствено да го славиме 4-ти февруари раѓањето на македонскиот великан повика Централниот Комитет на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. Од сите македонски граѓани и политичари бараат достојно поклонување на неговиот гроб. Комитетот испрати и отворен повик до владата поенергично да реагира на негаторската политика за нашиот идентитет и посебност. Власта да преземе адекватни мерки кои ќе гарантираат почитување на македонскиот народ.

  • Секоја негација кон постоењето на македонскиот народ и неговите обележја треба да бидат проследени со протесна нота и реакција на македонските институции. Државата постои за народот, а не народот за државата“ рече Пандов.

Од Комитетот искажуваат силна осуда за шовинизмот и негаторските политики кои доаѓаат од Бугарија и се дополнително распламтувани од поединци од бугарската политика.

  • Наместо констатации, анализи и седење со скрстени раце на државниот врв кој кажа дека провокациите се дело на агентурни мрежи, да се преземат чекори на власта кои ќе значат спречување на туѓи пропаганди и агенди“вели Пандов.

Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ ќе организира и низа активности на 4 февруари.

За роденденот на Делчев се најавени блокади близу граничните премини Деве Баир и Делчево и во близина на кумановската патарина. Граѓани со повик преку социјалните мрежи најавуваат и стража пред Црквата Свети Спас каде се наоѓа гробот на Делчев.

За полицијата пак главната задача за 4-ти ќе биде безбедноста на македонските граѓани, но се очекува и да прави и скрининг на граница – ќе проценува кој доаѓа од Бугарија само за да провоцира.

Повеќе од јасно е дека роденденот на човекот кој „светот го разбирал како поле за културен натпревар меѓу народите“ ќе се слави на исто место ама на две страни, на едната Македонците на другата Бугарите, раздвоени под силни безбедносни протоколи.

Викторија Миткова

Advertisements