НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хероин, кокаин, алкохол, комар, телефони – во затворот Идризово царува развиена шема на криминал

Хероин, кокаин, алкохол, комар, телефони – во затворот Идризово царува развиена шема на криминал

Хероин, кокаин, секаков вид на алкохол, комар, затворот Идризово тоне во криминал, а профитираат и вработените, но и моќните затвореници, тврдат извори за Алфа. Како што појаснуваат во затворот царува развиена шема на бизниси со која на затворениците им се нуди забава, но и добар профит.

Кајмакот најверојатно оди кај оние кои им даваат амин за бизнис во затворските ќелии бидејќи се функционира и никој не реагира, објаснуваат очевидци од внатре.

Како алва иде внесувањето на дрога и алкохол, а сумите кои ги плаќаат затворениците се вртоглави, па изворот со Алфа го сподели затворското мени на понуди.  

Мени за затворениците во Идризово:

  • Внесување на: жесток алкохол 3000 денари, вино 2000 денари, внесување на 100 грама марихуана чини 500 евра, на 100 грама хероин е 800 евра, за 100 грама кокаин е 1000 евра. Освен дрога и алхохол има цена и за мобилни телефони. Пет мобилни телефони чини 200 евра по парче, од 5 до 50 мобилни е 150 евра, над 50 чини 100 евра по парче.

Затворениците освен со дрога и алкохол имаат уште една забава, спортска обложувалница која благодарение на 6 до 7 службеници функционира перфектно, тврдат извори оттаму. Според информациите, тројца осуденици, татко и двајца синови имаат развиено мрежа на спортско обложување, а вработените во затворот се задолжени за внесувањето на влоговите и исплата на добивките. Влоговите се движат од 100 до 300 илјади денари, но и големите добивки редовно се исплаќаат, па дури и да немало во касата пари, службениците од затворот се задолжени добивката да ја исплатат надвор, кај семејствата на затворениците. Како што раскажува изворот, освен спортска, затворениците се забавуваат со играта барбут и ставаат влогови. За да можат да се коцкаат цела вечер, задолжениот службеник им наплаќа по 100 евра, појаснуваат изворите од затворот.

Затвореници од Идризово пред десетина дена се охрабрија јавно да зборваат и да посочат со име и презиме командири кои им прават рекет, уцени и им се закануваат по животот. Управата за извршување на санкции потегна нога и ги сослуша инволвираните командири кои се правдале дека му дале пари на затвореник да ги унапреди во МВР, па бидејќи ги измамил не се заканувале туку сами си ги барале парите назад. Но , не е само еден осуденик кој обвинува за рекет, уцени и закани. За алфа сведочеа уште двајца кои се стравуваат за својот живот и не можат повеќе да ја трпат тортурата.

Во меѓувреме, Обвинителството за организиран криминал отвори истрага за заканите и рекетот во Идризово.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста