Хајредини: Највисоките ешалони во ДУИ треба први да одговараат 

Не е прашањето кога, туку како Македонија ќе ја почне борбата со корупцијата во првиот и вториот ешалон. Интегративце се премногу долго на власт и голем дел од функционрите на ДУИ се поврзуваат со коруптивни скандали. Кога оние на највисоките позиции ќе одговараат тогаш, ќе почне вистинската борба против криминалот, коментира за Алфа, поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини. Без да кулминира нема почеток на разврската – дециден е Хајредини.
- „Механизмите на заштита на лидерите, на тие од првиот ешалон, прво имаат како заштитен бедем, министрите и директорите кои јавно изјавуваат дека „нас ни е шеф Али Ахмети“, затоа што тој не именува на тие функции. Прво тој ешалон, потоа доаѓаат, ешалонот на обвинителите кои ги именуваат и без дозвола на партиски лидери не можат да бидат обвинители, па судиите, па полициските контроли кои не ги фаќаат кога убиваат а не кога крадат. Тоа е врвот на пирамидата од каде треба да започне, а не се знае каде ќе заврши. А без да кулминира, нема ни почеток на разврска“ вели за Алфа, Џевдет Хајредини.
Не е единствен Рамиз Мерко. Во македонското општество има многу коруптивни личности, кои се на функции со години.
- „Големиот настан бил дека ги одложиле изборите на огранокот во Струга. Па, сега се очекува, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ништо не коментира, иако по 4-ти пат го кандидираше за претседател на огранокот. И не е само тој, не е само тој. Може не е ниту најголемиот. Треба да почне сериозна борба против корупцијата. Независно од последиците, јас сум свесен за политичката состојба во Македонија. Но, повикувањето дека правиме фронт за ЕУ, со лидери како Али Ахмети кој не презема никаква одговорност а носи одлуки за кадровската политика.. И сега тој никаде не се јавува….“ коментира Хајредени.
А ДУИ се чини пука по сите шафови. Освен однадвор со обвиненија за корупција на високи функционери, се соочува и со проблеми одвнатре. Незадоволните постојано предупредуваат дека во партијата има одредени структури поврзани со подземјето. Фракционерите пријавуваат закани и стравуваат од убиства.
Викторија Миткова