Хасипи за Алфа: Учениците да бидат трпеливи, сведителства ќе имаат во август

Наместо во јуни, како што е редот, свидетелставата и годинава учениците ќе мора да ги почекаат до крајот на август, потврди за Алфа директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи. Според него, немало проблем што ќе се доцни со доставата, зашто според Законите за основно и средно образование, учебната година трае до 31 август. Па така, учениците ќе им се израдуваат на петките во свидетелставата на стартот од новата учебна година.

  • „Бирото, согласно сите законски процедури и рокови спроведува транспаретна набавка за печатење на целата педагошка документација, започната уште од месец февруари 2022 година. Ние испративме допис до сите училишта во кој покрај искажаната благодарност до учениците, наставниците и родителите за залагањата, разбирањето и соработката во текот на целата учебна година, информиравме дека доделувањето на свидетелствата на учениците и оваа учебна година, согласно член 50 став 1, член 138 став 5 од Законот за основно образование, како и член 23, став 2 од Законот за средно образование, ќе се одвива до крајот на учебната година, месец август“, вели Хасипи.

За оние учениците што се запишуваат во средно или на факултет, сепак, имало свиделства, додава Хасипи, а сега ќе добијат само оние што имаат итна потреба поради продолжување на образованието во странство.

  • „Исто така, потребната педагошка документација поврзана со полагањето и добивањето резултати од државната матура ќе биде навремено доставена до средните училишта. Бирото за развој на образованието дополнително ќе ги контактира училиштата за времето и начинот на дистрибуција на потребните свидетелства до секое училиште“, додава директорот.

Вакви инструкции, преку допис од Бирото за развој на образование добиле директорите на училиштата, поради доцнењеро на тендерот за набавка.

Состојбата со сведителствата се надоврзува со катастрофалниот образовен систем, за кој просветарите бараат сериозни и длабински измени, за учениците во иднина да не се соочуваат со лош успех и ниски оценки. Таков беше примерот со гимназијата „Орце Николов“ каде од 292 ученици со сите петки, само 11 покажале одличен успех на приемниот испит, каде на виделина излезе осакатеното образование кое го докрајчи партизацијата, пандемијата, но и низата штрајкови на просветните работници.

Министерот за образование, како директно надлежен во процесот, наместо одговорност, жали што резултатите кои ги посакувал не можеле да станат видливи.

  • Искрено да ви кажам, дали сум задоволен од резултатите, не сум, разочаран сум од послените случувања во скопската гимназија „Орце Николов“, каде голем дел од учениците вештачки добиваа петки, односно одличен успех. Да се имаат прдвид, но и да се испитаат и педагошките и психолошките причини зошто имаа вакви влијанија во резултатите. Ако сакаме да се изгради здрав образовен систем кој ќе функцинира и ќе дава резултати, треба сериозно да се поработи, а ќе работиме и ќе придонесуваме сите заедно за конкретните состојби не само со последните случувања во гимназијата „Орце Николов“ туку воопшто во образованието, вели меѓу другото за Алфа министерот за образование Јетон Шаќири.

Инаку, Македонија се сочуваше, но и се соочува со криза во учењето. Програмата за меѓународно оценување на учениците (ПИСА) покажува поразителни резултати. Во Западен Балкан сме најслаби (во читање, математика и природни науки). Поразителна е аналитиката што ја искажуваат дека: „По 11 години поминати на училиште, едно дете во Македонија во просек има образовни резултати еднакви на 7,3 години на учење. Тоа е најлош резултат во Европа или, со други зборови, децата одат на училиште 3,7 години, кои им се залудно потрошени“.

Борис Грујоски

Поврзани вести