});

Харједини: Владата не треба да слуша ако мал процент се незадоволни кога 90 проценти ја поддржуваат за данокот

Нереално се крева фама од оваа ситуација околу даночната реформа што и не е реформа, рече во вечерашното издание на емисијата „Во светот на бизнисот“ поранешниот министер за финансии Џевед Хајредини. Според него и во минатиот систем се спроведувале прогресивни даноци но тоа не било драматизирано како сега.
-Ваков данок сум пресметувал јас кога сум бил директор, во социјализмот, во комунистичкиот систем. Овој прогресивен данок не е ништо ново. Премногу се прави сензација од темата, многу медиуми – а мала држава, оваа тема не заслужува ваков третман оти никогаш нема да може да се задоволат сите страни. Во минатиот систем не беше така, вели Хајредини.
Според поранешниот министер, со оваа промена губи тој што ќе ги плаќа даноците, а добива тој што ги добива парите.
-Посиромашните слоеви дури и ја поддржуваат оваа реформа, а ако велите дека треба сите да се консултираат тогаш не само коморите каде членуваат работодавачите, ами и синдикатот на работниците, зошто никој нив не ги консултира?Ова не може да се третира како даночна реформа, реформа е на пример кога се воведе ДДВ-то, или акцизите, или царинскиот систем, а не да се претставува како реформа овој данок кој не носи приход ни еден процент, а од кој само можат да бидат незадоволни само оние кои примаат плата од над 90 илјади денари, нагласува Харједини.
тој смета дека владата не треба да се грижи за малиот процент незадоволни, ако 90 отсто се сложуваат.