Хаос на Клниката за Кардиологија – нема основни материјали за оперативни зафати
Хаос на клиниката за Кардиологија. Нема основни материјали за било каков оперативен зафат. Со тоа срцево болните пациенти – се приморани да одат по приватните клиники и во странство зошто на државна кардиологија нема материјали за електростимулација, а беа тоа не може да се изведе операција. Пацинети и вработени на клиниката алармираат дека директорот и неговиот заменик не набавуваат материјали иако клиниката ја има најсофистицираната апаратура.
Директорот на клиниката д-р Жан Зимбаков не одговри на нашите прашања што се случува на Кардиологија и зошто нема материјали.
Поплаки пристигнале и до кабинетот на министерот Меџити, тој вели дека го знае случајот, и ги повикал на разговор директорите на Кардиологија д-р Зимбаков и неговиот земник д-р Бушлетиќ. Доколку се утврдат нерегуларностите министерот уверува дека ќе постапи со порадикални мерки.
Во меѓувреме не стивнуваат реакциите од докторите и персоналот на клиниката. Неофицијално се подготвуваат за протест против директорот Жан Зимбаков и неговиот заменик Бушлетиќ.
„Директорот не потпишува за набавките за материјали за електростимулација, но затоа редовно се набавуваат материјали за методите кои тој ги применува. Целата клиника е впрегната за тој да собере што е можно повеќе искуство во одредени методи за оперирање а често се случуваат и злоупотреби со статистиките за одредени набавки. Трча по некакви европски сертификати за себе, додека ја запоставува целата клиника. Се ова е поради бизнис, додека сме оставени без некои од основните материјали“, стои во една од поплаките испратени до Министерството за здравство од еден од повидните доктори на клиниката.
Инаку, министерот пред два месеци беше дециден дека секој кој не си ја врши работата, особено за директорите на здравствените установи ќе биде разрешен и ќе биде соодветно санкциониран. Последен разрешен директор беше кардиохирургот д-р Сашко Јовев, иако имаше огромна поддршка од вработените на клиниката, докторската фела и пацинетите.
Ања Лукарова