Хали Бери влезе во шестата деценија и ја откри тајната на добриот изглед: Станува збор за десерт и ова е рецептот

Холивудската актерка Хали Бери има 52 години а изгледа одлично како да има 30-на и може да се пофали со совршена линија.

 

Но покрај физичката активност таа има и свој рецепт кој и помага да ја одри формата.

Верувале или не, станува збор за десерт, а ова е рецептот:

Станува збор за сладолед од авокадо.

Иако ги исфрлила слатките, таа понекогаш се почестува со внимателно одбран десерт, поточно за десерти што не содржат шеќер, па така таа е сигурна дека нема да добие вишок килограми.

Потребни состојки:

2 авокада

шолја незасладено бадемово млеко

шолја слатка павлака

засладувач

лажица сок од лимон

неколку капки екстракт од нане

малку сол

Начин на подготовка:

Ставете ги состојките во блендер и мешајте додека добиете соединета смеса. Потоа, внимателно префрлете ги во сад или во калапи за сладолед.