Фридман: Македонскиот јазик постои и ќе постои, бугарските ставови се фашизам

Враќање во фашизмот е негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија, македонскиот јазик е посебен и никој не може да го негира.Сегашните проблеми меѓу двете соседни земји ќе се решат некако,но јасно е дека македонскиот јазик се разликува и од српскиот и од бугарскиот на секое лингвистичко ниво.Македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои-порача академик Виктор Фридман, еден од најголемите американски и светски слависти.

Па затоа што во времето на фишизмот,кога бугарите ја окупирале Македонија,ги тепале децата кои што зборувале македонски.Тоа е фашизам и во времето на фашизмот македонскиот бил бугарски дијалект,сега што велат бугарите дека македонскиот бил бугарски дијалект е исто како во фашистичко време”-вели прф.д-р Фридман 

Како остар критичар на политиките на Бугарија кон Македонија,професор Фридман кој повеќе од 50 години се занимава со лингвистиката на Балканот,вели дека нема намера да навлегува во историјата на средновековието и владеењето на Цар Самоил,за тоа треба да се договорат историчарите вели,но кога се работи за поновата историја јасно е што правеле Бугарите на време на втората светска војна.

 “Гледам од страна и мислам дека Европа треба да стави крај на сево ова,нели.Треба Европа да биде цврста, да има принципи”-вели Фридман

На академик Фридманденеска во Охрид му беше врачена Светската награда на хуманизмот за 2023 година.

“Бидејќи Вие академик Фридман сте меѓу најобожуваните македонисти и во македонската дијаспора расеана по континентите има една пост-модерна поговорка која вели: “Светот е мал, но Македонија е голема. Вие го вреднувавте македонскиот јазик  на светската лингвистичка мапа” –рече претседателот на охридската академија на хуманизмот,Јордан Плевлеш

Наградата му ја врачи градоначалникот Пецаков кој збориваше за значењето на светската награда на хуманизмот како манифестација

” Со која ние македонците го продолжуваме вековниот код всаден од нашиот Свети Климент Охридски за ширење на хуманизмот и човекољубието”-рече Пецаков.

Наскоро во Охрид ќе биде поставен првиот и единствен споменик на хуманизмот во светот. Името на овогодинешниот добитник на наградата за хуманизам македонстот Виктор Фридман,прво ќе биде испишано на постаментот од споменикот кој ќе биде висок 6 метра.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста