Францускиот предлог уште денеска набрзина ќе мине низ влада, а во текот на денот ќе биде испратен до Собранието?

Француското компромисно решение најверојатно денеска ќе добие зелено светло на владина седница, за екпресно да биде испратено и до македонското собрание. Дека се позивесна е позитивната одлука на владата за предлогот на Макрон потврдува и првиот вицепремиер Артан Груби.

По бурните реакции во јавноста уште од денот на објавувањето на текстот на француското решение од Илинденска бр.2 се правдаат дека македонсите позиции биле обезбедени. И денеска Груби се правда дека ниту Ковачевски, ниту кој било друг министер од Владата не го поддржал и не би гласал за преговарачка рамка која би значела асимилација и бугаризација на Македонците. Сепак точките во пакетот кој го испорача Брисел, преку игра на зборови ги содржи сите токму овие

Како што најави и премиерот Димитар Ковачевски усогласениот предлог заедно со сите документи, ама и билатералниот протоколот кој македонските власти се уште го држат во тајност ќе се најде пред пратениците. Протоколот кој бугарската страна веќе го испорача во тамошниот парламент уште пред еден месец, всушност ги содржи записниците од втората меѓувладина седница во која се вметнати и заклучоците од состаноците на историската комисија. Засега е неизвесно во каква форма ќе биде ставен пред пратениците и колку заклучоците кои би се донеле ќе имаат обврзувачко дејство.

Ивана Соколовиќ Најдова