Француска компанија ќе го гради во Штип најголемиот соларен парк во Западен Балкан

The Solar panels on the lawn

Штип ќе го добие најголемиот соларен парк во Западен Балкан. Станува збор за француска инвестиција тешка стотина милиони евра која ќе ја зголеми енергетската независност на нашата држава, но и ќе помогне во економскиот развој на градот.

„За кратко време се очекува да се случи најголемата инвестиција во енергетскиот сектор во Македонија. Тоа е изградба на соларниот парк „Стипеон„. Станува збор за инвестициија од страна на француската компанија „Акио„. Паркот ќе се простира на територија на град Штип и ќе значи зголемување на енергетскиот потенцијал во време на енергетска криза„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

На технички план сите подготовки се при крај. Локалната самоуправа ги има завршено сите постапки, за инвестицијата се реализира во најбрзо време. Сега на потег е Владата и Собранието, посочи амбасадорот на Франција во Македонија, при денешната посета на Штип.

„Но сега основниот предизвик е носењето на специјален закон за оваа стратешка инвестиција коишто го подготвува Владата , а потоа да го изгласа Собранието.Треба да ги предвиди сите оние поволности што следат врз база на стратешка инвестиција и по донесувањето на законот брзо ќе се потпише и договорот. Искрено се надевам дека тоа ќе се случи многу брзо, дека гласењето ќе биде со концензус, затоа што очигледен е стратешкиот интерес за државата„ изјави амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер.

Соларниот парк „Стипеон„ ќе се протега на површина од над 450 хектари и ќе биде на локацијата каде требаше да се гради карго аеродромот во Штип. Паркот ќе произведува до 400мегавати електрична енергија, која ќе ги задоволува потребите на скоро 100 илјади домаќинства. Онаму кадешто ќе се утврди дека земјиштето е плодно, истото ќе се обработува под фотоволтаичните панели.

Александра Ристевска

Advertisements

Поврзани вести