Франција гори, Eвропската Унија немо набљудува, а Балканот стравува од нова неизвесност
И да ги внесеме Бугарите во Уставот, повторно Македонија може да извиси со почеток на преговорите со Унијата. Жестоките протести во Франција, мигрантската криза која не стивнува, економските последици од пандемијата како и војната со Украина, можат да бидат причини, ЕУ да го запре проширувањето.
Иако неколку пати за да почнеме преговори го отвараме Уставот, доколку власта најде пратеници за повторно да го отоври, не значи дека Македонија нема да остане уште долго во чекалницата за влез во европското семејство.
Протестите во Франција на среден и долг рок можат да влијаат на проширувањето на Унијата, оти внатрешните состојби на главните членки на ЕУ индирекно влијаат на политиката на Унијата.
Димитар Николовски од Евротинк за Алфа вели дека улога имаат и изборите кои наскоро треба да се случат во Франција , односно влијанието на Марин Ле Пен која не е оптимист за европроширувањето. Николовски потенцира дека имало повеќе случаи каде што јавното мислење во одредени држави на ЕУ, ја диктирало волјата на тие држави за проширување во даден момент. Овие најнови случувања во Франција, како што вели тој е можно да имаат влијание, но не во брза иднина.
Ако се вратиме неколку месеци наназад, ќе се сетиме дека во Франција имаше и штајк поради незадоволството од пензинските реформи на Макрон, така да се гледа тука дека има едно поголемо незадоволство против владата, можеме да забележиме дека тоа антимигрантско расположение во Франција ќе се зголемува. Можеме да видиме веќе и судири меѓу таа крајно радикална десница и оние кои моментално протестираат, значи може да се зголеми и популарноста на таквите радикално десничарски и во крајна мера евроскепнични движења, вели Димитар Николовски – Евротинк.
Франција и пред неколку години беше кочничар за проширување на Унијата, дури и новата методологија на ЕУ беше донесена по нивен притисок. Дали сега повторно Макрон соочен со нереди и приситоци од неговиот главен политички противник може да го промени ставот, е нејасно. Ана Кристиновска од Естима за Алфа вели дека токму Макрон пред неколу години не сакал проширување но дека тогаш влијаел и притисокот на ексремната десница. И таа вели позицијата на клучната земја членка, ќе се искристализирала по изборите таму.
Во моментот кога во Франција ќе има нови избори, дека темата на проширување нема повторно да се најде на политичката агенда. Макрон кажува и дека методологијата која беше условена токму по инистирање на Франција во моментов не е соодветна и она кое треба да го очекуваме, односно да се надеваме дека ќе го избегнеме е некаква нова ревизија на методологијата и на самата политика на проширување која би имала потенцијал дополнително да го одложи и да го закочи процесот за сите држави кандидати, вели Ана Крстиновска – Естима.
Инаку внесувањето на Бугарите во Уставот, како и низата на барања од Македонија за да ги почне преговорите со ЕУ, беа токму предлози на Франција. Дали иако македонската Влада го прифати францускиот предлог,прифати и се обврза да го исполни за да почнеме преговори, ќе остане со празни раце, останува нејасно барем до изборите во Франција. Иако, не смее да се заборави и француската идеја на т.н. Европска економска заедница, како алтернативна форма за да се задоволат земјите кои претендираат да станат членки на ЕУ.
Мери Симоновска