ФОТО: Фасцинантен настап на нашата Антониа: Жирито на Ѕвездичките на Пинк остана без зборови

Во вечерашното издание на Ѕвездичките на Пинк, нашата Антониа Гиговска настапува за прв пат во овогодинешната Ол стар сезона.

Антониа на тема мјузикли ќе се претстави во песната „I will survive“,  а жирито нејзиниот настап го оцени како најдобар за третата емисја.

Целиот настап и најновата епизода од Ѕвездичките на Пинк може да ја гледате во недела на Телевизија Алфа со почеток во 19:15 часот.

И во вечерашната трета епизода, ќе настапат 12 натпреварувачи, кои продукцијата ги одбра каконајдобри меѓу најдобрите учесници на Ѕвездичките на Пинк.