ФОТО: Се преврте автобус кај Карпалак

На автопатот Скопје-Тетово, во близина на Карпалак се случила собраќајна несреќа.  На автобус полн со патници според првичните информации му пукнала гумата, по што ја изгубил контрола и се превртел на автопатот.

Првичните информациите се и дека има патници кои се повредени. Екипите на Брза помош, пожарникарна служба и полиција се на терен.

И наша екипа е на терен и очекуваме вклучување во живо во Вестите и во Отворено на Алфа.