ФОТО : Македонската „шефицата“ за перење пари, уживала на јахти додека правела големи скандали

Македонската Марија Богојевска е „шефицата“ за перење пари на српскиот менаџер Душан Вељковиќ, која е една од обвинетите во џиновската афера за финансиски малверзации, злосторничко здружување и местење на мечеви која ја потресе Белгија во изминатите две недели. Богојевска е една од двајцата македонски државјани кои се уапсени во Белгија, заедно со поранешниот фудбалер и актуелен менаџер Драган Силјановски – Вуко, пренесува порталот Спорт 1.

Богојевска е обвинета дека преку девизна сметка во Белград за својот дечко Вељковиќ испрала помеѓу два и три милиони евра, а во акцијата низ Србија во Белград и во Ниш, полицијата во соработка со јавните обвинителства на земјите вклучени во аферата, меѓу кои и македонското обвинителство биле запленети околу 800.000 евра на низа локации. Сите тие пари биле на Вељковиќ.

-Македонката е поранешна сопруга на поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Илија Боцевски, која од поодамна живее во Белгија и е во љубовна врска со српскиот менаџер. Дека живеела убав живот, бујната Марија многупати се фалела и по социјалните мрежи, сликајќи се на јахти и уживајќи во „богатиот живот“, кој и го овозможил љубовникот со многуте трансфери, за кои белгиските власти се сомневаат дека се извлекувале пари и тие во кеш се користеле за мито и корупција за да се влијае на фудбалски резултати, објави порталот.

Во џиновската афера настрадаа и новинари, судии, а медиумите во Белгија открија дека дечкото на Марија ги потплаќал за да ставаат добри оценки на неговите клиенти, но и на судиите кои биле купени за да „свират“ за неговиот клуб.