ФОТО: Голем број возила на Брза помош- Се евакуираат патници

Возилата на Брза помош се на релација од местото на несреќата кон скопските клиники, евакуирајќи ги патниците кои се повредени во страшната несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово.

Денска околу 17 часот автобус полн со патници се преврте во близина на Карпалак. Првичните неофицијални податоци се дека несреќата се случила поради пукната гума кога возачот изгубил контрола над автобусот и се превртел.

Наша екипа е на терен и ќе се вклучи во живо од местото на несреќата во Отворено на Алфа со повеќе информации.