ФОТО: Воениот оркестар на САД за Европа со настап на Камен мост

Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа денес одржа концерт пред Камениот мост во Скопје, како дел од неделата на НАТО а во чест на одбележувањето на 70 години од постоењето на НАТО алијансата.

Неделата на НАТО во Македонија ја организира Министерството за одбрана.

За време на НАТО неделата ќе бидат организирани дипломатска дискусија на која премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и амбасадорите на земјите членки на НАТО во земјава ќе дискутираат за процесот за ратификација на протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, ќе има и изложба во Воениот музеј, како и промоција на поштенска марка.