ФОТО + ВИДЕО: Катица Јанева се разубавува додека е на боледување?

Специјалната обвинителка Катица Јанева на 15 јуни, кога беа уапсени осомничените за „Рекет“ ја информираше јавноста дека поднесува оставка, а следниот ден си отвори боледување.

Откако го отвори боледувањето и ја поднесе оставката, Јанева буквално како да беше исчезнала од јавноста.

Се до денеска кога на профилот на една корисничка на социјалната мрежа Фејсбук, објавено е видео на кое се гледа обвинителката Јанева како се разубавува во еден фризерски салон.

За сега не се знае кога и во кој фризерски салон е снимено видеото.

Во меѓувреме од Специјално обвинителство тврдат дека Согласно законот за здравствената заштита секој има право на тајност на податоците што се однесуваат на неговата здравствена состојба, додека од Фондот за здравствено осигурување велат до нив никој не доставил барање за проверка на здравствената состојба на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Денеска пак од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција потврдија дека е завршено вештачењето на мобилниот телефон кој и’ беше одземен.

Вториот мобилен телефон, Јанева најверојатно никаде не го пријавила како изгубен. Од Обвинителството дознале дека Јанева го изгубила телефонот, кога и’ го побарале пред една недела, потврдуваат од таму за Алфа.