ФИФА планира да создаде женска фудбалска лига со национални тимови

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, вети дека ќе создаде женската лига со учество на националните тимови и ќе го одржи првото Светско првенство за фудбалерки.

Во март 2018 година, тој веќе предложи да организира турнир меѓу 16 водечки репрезентации, но досега предлогот не е имплементиран.

– Нашата цел е да ја создадеме Светската женска лига, бидејќи тоа ќе биде катализатор за развојот на женскиот фудбал. Имплементацијата на овој проект е суспендирана, заостаната, но повторно мора да се разгледа за дискусија, бидејќи треба да го промовираме женскиот фудбал. Ние, исто така, треба да го одржиме првото женско клупско првенство, изјави Инфантино.

Џани Инфантино на 5 јуни беше реизбран за нов мандат, до 2023 година. Тој го презеде водството во ФИФА во февруари 2016, заменувајќи го Сеп Блатер.